НБА: Торонто сака да го ангажира италијанскиот тренер Скариоло

toronto_234432
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Италијанскиот кошаркарски стратег Серџо Скариоло (62) е еден од главните кандидати за испразнетото тренерско место во НБА лигашот Торонто, пренесуваат денеска шпанските медиуми.







Торонто е без тренер, откако Ник Нурс доби отказ по неуспешната сезона во НБА лигата. Нурс го предводеше Торонто последните пет години, а во 2019 година му ја донесе на клубот и шампионската титула.

Според весникот „Марка“, Скариоло оваа недела имал средба во Болоња со раководството на канадската франшиза, кои во италијанскиот стратег гледаат еден од главните кандидати за клупата.

Скариоло знае што го чека во Канада, бидејќи од 2018 до 2021 година му беше помошник на Нурс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK