МЗТ доби засилување од Литванија

МЗТ-доби-засилување-од-Литванија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

МЗТ Скопје се засили со Џон Гилон. Американецот со актуелниот македонски шампион и освојувач на Купот, потпиша договор до крајот на сезоната.


Станува збор за искусен 29-годишен кошаркар кој може да ги покрие позициите 1 и 2, плејмејкер и бек шутер, кој треба да ја пополни празнината по раскинувањето на соработката со Седрик Расел.

Гилон во МЗТ доаѓа од Литванија каде настапуваше за прволигашот Пјено, а претходно настапуваше за турската Дарушафака, унгарската Алба Фехервар и две екипи од Тајван.

Во периодот од 2017 до 2019 година беше дел од три развојни тимови во Џи лигата. Универзитетската кариера ја минал на три колеџи: Литл Рок, Колорадо стејт и Сиракјуз.

Гилон се очекува да пристигне во Скопје оваа недела, а неговото деби во сино-белиот дрес е планирано на натпреварот од македонската лига против Феникс на 3 март.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK