Рома, во неделата, со 7:0 го декласира Емоли на „Олимпико“. И окрај една од најубедливите победи во последните неколку години, тренерот Жозе Мурињо, не е задоволен од играта на неговиот тим.
Трофејниот тренер смета дека Емполи не заслужиле да загубат со толкава разлика.
„Имавме подеми и падови, проблем е кондицијата, не беа сите подготвени да играат во висок ритам 90 минути. Жал ми е Емполи, но фудбалот е таков. Не ми се допаднаа некои работи во играта на мојот тим, ќе го анализираме овој натпревар многу подетални“, рече Мурињо.
Два гола во победата постигна Кристане, а по еден Дибала, Ренато Санчез, Лукаку, Манчи и Грази (авто-гол).