Мурињо на фудбалерите на Рома им го вратил прстенот што го добил на подарок

Мурињо-на-фудбалерите-на-Рома-им-го-вратил-прстенот-што.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Жозе Мурињо е разочаран од начинот на кој мораше да ја напушти Рома. Клубот од „Олимпико“ го отпушти минатиот месец по серијата лоши резултати во првиот дел од сезоната, поради кои тимот падна на деветтото место во Серија А.


Во меѓувреме по неговото заминување забележаа три победи во низа и скокнаа на петтата позиција.

Од ден на ден се појавуваат нови детали во приказната за заминувањето на Мурињо, а најновите велат дека тој се чувствува изневерен од играчите.

Како што објави „Ил Месаџеро“, Мурињо им го вратил на играчите прстенот што му го подариле кога заедно ја освоиле Конференциската лига во 2022 година.

Мурињо прстенот го оставил во соблекувалната, во шкафчето на на капитенот Лоренцо Пелегрини, со порака: „Вратете ми го кога ќе биде мажи“.

Во меѓувреме, неговите пријатели открија дека тој има амбиции да се врати на кормилото на Манчестер јунајтед, наводно рекол дека „таму има незавршена работа“, додека неколку медиуми го поврзуваат со клупата на Челси.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK