Мурињо: Јас сум како Хари Потер

Мурињо-Јас-сум-како-Хари-Потер.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Неколку дена по елиминацијата од Лацио во Купот на Италија, тренерот на Рома Жозе Мурињо даде необична изјава во која се спореди со Хари Потер.


„Навивачите на Рома се едни од најдобрите навивачи во светот. Нивниот тренер е Жозе Хари Потер Мурињо и тој ги зголемува очекувањата“.

Неговата изјава ја пренесе Би-би-си, а не е првпат португалскиот тренер да се споредува со волшебникот од серијалот на Џ.К. Роулинг.

Тоа го правеше кога беше тренер на Манчестер јунајтед, а кога го предводеше Реал Мадрид во една прилика изјави: „Јас сум тренер, не сум Хари Потер“, за да ги намали очекувањата на навивачите.

Рома не игра добро, таа е деветта во Серија А. Мурињо, кој е во клубот од 2021 година, освои само пет бода во последните пет првенствени натпревари и испадна од Купот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK