Македонија вечерва против Германија на ЕП

Македонија-вечерва-против-Германија-на-ЕП.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Foto/ facebook.com/rfmofficial

Македонската ракометна репрезентација ечерва во Берлин, против Германија, ќе го одигра вториот натпревар на Европското првенство.

Македонија, континеталниот шампионат го отвори со пораз од Франција (29:39), а Германија во првата рунда славеше над Швајцарија (27:14).

Дуелот во Берлин ќе биде трет за овие репрезентации на Европските првенства, Во 2012 година во Ниш, Германија победи 24:23, а шест години подцна во Хрватска немаше победник (25:25).

„Максимално сме спремни и можам да ветам една поборбена и поквалитетна Македонија. Селекторот одлучува како ќе играме против Германија. Наше е да ги спроведеме неговите замисли. Франција е поквалитетна и поискусна од Германија, но Германците секогаш даваат сè од себе за репрезентацијата“, изјави Филип Кузмановски.

Од таборот на Гернамија се сакаат да ја прифатат фаворитската улога, велат дека сериозно ќе влезат во дуелот со Македонија. Јасно е дека Германија со победа ќе обезбеди место во втората фаза.

Натпреварот во Берлин ќе започне во 20.30 часот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK