Бројни европски медиуми, пред неколку дена, ги објавија наводните најдобри 11 на Жозе Мурињо (60).
Легендарниот португалски тренер, во својот тим стави седуммина играчи со кои работел во Челси, двајца од Реал Мадрид.
Вака изгледа идеалниот тим на Мурињо, составен од фудбалери со кои имал можност да работи: Петр Чех, Хавиер Занети, Џон Тери, Рикардо Карваљо, Вилијам Галас, Клод Макелеле, Френк Лампард, Месут Озил, Кристијано Роналдо, Еден Азар и Дидие Дрогба.
Мурињо реши да реагира и пред се да го демантира ова. Рече дека тоа се лажни вести.
Тренерот на Рома на Инстаграм напиша: „Најдобрите 11 на Ж.М.., Ж.М. ги избира своите најдобри 11…Лажни вести. Никогаш не сум го правел ова. Отсекогаш сум одбивал да го направам тоа, тоа ми е невозможно да се направи. Лажни вести“.
„Никогаш не го правев и нема да го сторам тоа. Имав толку многу врвни играчи, но најважно е што ми дадоа тие играчи. Играчите кои ми дадоа се: квалитет, труд, крв, душа… Сите тие се во моите најдобри 11. Сите. Затоа секогаш одбивав да ги одберам моите најдобри 11. Ги сакам и ги почитувам моите играчи. Лажни вести. Ве молам почитувајте ја мојата историја и моите момчиња“.
Мурињо моментално ја води Рома и е еден од најдобрите тренери на сите времиња, откако освои се што може да се освои. Тој ги водеше Бенфика, Леирија, Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и Тотенхем.