Меси и Ди Марија ќе настапат на Олимписките игри?

Меси-и-Ди-Марија-ќе-настапат-на-Олимписките-игри.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Актуелниот светски шампион Аргентина ќе има својата селекција на Олимписките игри во Париз благодарение на големата победа од 1:0 над Бразил во јужноамериканските квалификации.


Тренерот на селекцијата до 23 години, поранешниот играч на Ливерпул и Барселона, Хавиер Маскерано, со победата над Бразил го забележа најголемиот триумф во досегашната тренерска кариера.

Со оглед на тоа што со години играше со Лео Меси и Анхел Ди Марија, очекувано доби прашање дали двајцата великани на аргентинскиот фудбал може да се очекуваат во составот на „гаучосите“ во Париз.

„Треба да бидете внимателни. Сите го знаат мојот однос со Лео и Анхел. Ние сме пријатели. Како селектор имам обврска да ги повикам, но се подразбира и дека имаат други обврски и од тоа ќе зависи. Не е се толку едноставно. Ќе има време да говориме на таа тема“, призна Маскерано за „Марка“.

Маскерано беше двократен олимписки шампион со Аргентина во 2004 година во Атина и 2008 година во Пекинг. Во тимот кој го одбрани златото беше Лео Меси.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK