Менаџерот на Модриќ: Можно е Лука да го напушти Реал

Менаџерот-на-Модриќ-Можно-е-Лука-да-го-напушти-Реал.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Летово Лука Модриќ (38) ја одби понудата на Ал Ахли, освојувачот на втората саудиска лига, иако тој клуб за три сезони му понудил дури 200 милиони евра. Наместо тоа, Модриќ прифати десет пати помалку пари од Реал и потпиша договор до крајот на сезоната. Покрај Ал Ахли за Модриќ интерес покажа и Ал Итихад, актуелниот шампион на елитната Про лига.



Оваа вест прв пат ја објави ова лето Руди Галети, италијански новинар кој е специјализиран за растечкиот саудиски пазар.

Минатата недела истиот извор објави дека Ал Ахли не се откажува од Модриќ.

„Ал Ахли се подготвува повторно да стапи во контакт со Лука Модриќ за да го доведе во зимскиот преоден рок. За купување на Хрватот во јануари е заинтересиран и Ал Итихад. Двата клуба прво ќе контактираат со Модриќ, а со Реал ќе разговараат само доколку Хрватот е заинтересиран за преговори“.

Како дел од саудиската офанзива, Ал Ахли го донесе тренерот Матијас Џејсле од Салцбург, додека негови нови ѕвезди се Роберто Фирмино, Ријад Махрез, Франк Кесе, Алан Сент Максиман, Мерих Демирал, Едуард Менди и Габри Веига.

Од друга страна, Ал Итихад штотуку го смени тренерот Нун Еспирито Санто, на негово место ќе дојде Аргентинецот Марсело Гаљардо, а негова прва ѕвезда е Карим Бензема. Освен него беа донесени Н’Голо Канте и Фабињо.

Дека има вистина во приказната за можниот трансфер на Модриќ во Арабија, потвориди и неговиот менаџер Борха Коус.

„Саудиски клубови? Имаше голем интерес за Модриќ ова лето. Тој има уште неколку понуди, од клуб од главниот град и друг клуб. Модриќ моментално размислува за Реал, но идејата тој да се пресели во Саудиската Про лига е можна доколку понудата е соодветна“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK