– Килијан Мбапе постигна два гола синоќа против Ајачио во победата со 5:0. Напаѓачот на ПСЖ стана вториот Французин по Втората светска војна кој постигнал најмалку 25 гола во четири сезони од Лига 1.
Претходно Мбапе ваков ефект имаше и во првенствата 2018/19, 2020/21 и 2021/22.
Пред Мбапе тоа му успеало на Таде Сизовски – во сезоните 1955/56, 1956/57, 1958/59 и 1959/60.
Вкупно, на 31 натпревар во актуелниот француски шампионат, Мбапе има 26 гола и четири асистенции.