Спалети: Сигурен сум дека ќе се договориме со раководството на Наполи

spaleti
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети зборуваше за преговорите за неговиот нов договор.







 

– Вчера имавме позитивна средба со претседателот. Ќе имаме добра иднина, сигурен сум во ова, го цитираше Спалети италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

 

Беше објавено дека 64-годишниот фудбалски стручњак очекува зголемување на платата од сегашните 2,8 милиони евра на 4,5 милиони евра годишно.

 

Наполи на четири кола пред крајот на сезоната го обезбеди првото место во Серија А. Ова е трето Скудето во историјата на клубот. Првите две беа освоени во минатиот век – во сезоните 1986/87 и 1989/90.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK