Македонската репрезентација во традиционално карате на 38. ЕТКФ Европски шампионат за сениори, јуниори и кадети одржан на 5 јули 2026 освои вкупно 20 медали – 4 златни, 6 сребрени и 10 бронзени, со што Македонија го освои третото место во генералниот пласман.
Најуспешен македонски натпреварувач беше Матеј Мангаровски, кој во јуниорска конкуренција освои 3 златни, 2 сребрени и 1 бронзен медал.
Одличен настап имаше и Матеј Јарчевски, кој освои 1 златен, 1 сребрен и 2 бронзени медали во младинска и сениорска конкуренција.
Камелија Недев освои 2 сребрени и 2 бронзени медали во јуниорска и сениорска конкуренција, Лика Билбилов се закити со 1 сребрен медал, Софија Јарчевска освои 3 бронзени медали, а Јана Милевска освои 2 бронзени медали во кати, поединечно и екипно, во сениорска конкуренција.
Во генералниот пласман, Италија го освои првото место, Полска второто, а Македонија третото место.
На Европскиот шампионат настапија 265 натпреварувачи од 12 земји.
Шампионатот свечено го отвори Дејан Недев, во својство на претседател на Европската федерација за традиционално карате (ЕТКФ).