Македонија доби добра група во Лигата на нации

Македонија-доби-добра-група-во-Лигата-на-нации.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Foto/ ffm.mk

Фудбалската репрезентација на Македонија ги доозна протвниците во новиот циклус во Лигата на нации. Македонија се натпреварува во Ц дивизијата.

Ждрепката им беше наклонета на македонските фудбалери, во Групата 4 ќе играат против Ерменија, Фарски острови и Летонија.

Лигата на нации е важна и поради квалификациите за Светското првенство во 2026 година во САД, Мексико и Канада.

Четирите најдобри селекции кои нема да изборат бараж преку квалификациите, во баражот ќе играат со уште 12 второпласирани од квалификациите.

На Светското првенство преку баражот ќе се пласираат четири репрезентации.

Лигата на нации започнува на 5 септември и ќе трае до 19 ноември.

Ц дивизија, Лига на нации:

Група Ц1: Шведска, Азербејџан, Словачка, Естонија
Група Ц2: Романија, Косово, Кипар, Гибралтар/Литванија
Груоа Ц3: Луксембург, Бугарија, Северна Ирска, Белорусија
Група Ц4: Ерменија, Фарски острови, Македонија, Летонија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK