„Леклер реагира импулсивно, тоа е лошо и за него и за Ферари“

FrvMgARXgAAPh4T-scaled-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тимскиот шеф на Ферари, Фредерик Васер го критикуваше Шарл Леклер, тврдејќи дека импулсивните реакции на возачот од Монако му штетат на италијанскиот тим.


Шефот на Ферари изјави дека Леклер се става во неповолна ситуација, бидејќи не може да го прифати сегашниот генерален пласман.

Леклер моментално е петти во генералниот пласман на возачи со 99 бодови.
Италијанските медиуми пренесуваат дека тој бил разочаран од оваа сезона, бидејќи лани сезоната ја заврши на второто место.

„Чарлс не очекуваше да има ваква сезона. На почетокот на годината беше поагресивен отколку што требаше, но ми се чини дека сега го прилагоди својот стил на возење на ситуацијата. Карлос Саинц е многу доследен и затоа е добра референтна точка“, рече Васер.

Тој истакна дека Леклер се обидува несоодветно да ги компензира недостатоците на болидот на Ферари со агресивно тркање.

„Леклер е импулсивен, не се воздржува ако работите не одат како што тој замислил. Сепак, за негово добро и доброто на тимот, понекогаш е подобро да се смири пред да проговори. Кога ќе се занесете, можеби ги немате сите информации кои би ви помогнале да ја процените ситуацијата. Шарл отсекогаш бил многу брз, но Карлос е поконкурентен во квалификациите оваа сезона“, додаде Васер.

Следната трка во Ф1 шампионатот ќе се вози на 27. август за Големата награда на Холандија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK