Јувентус би можел да го испрати Филип Костиќ во Вест Хем во самиот финиш на преодниот рок.
Српскиот репрезентативец, кој може да игра као винг бек по левата страна и како класично лево крило, оваа сезона се уште нема одиграно натпревар за Јувентус.
Јувентус бара 15 милиони евра за него, но се подготвени да го испратат на позајмица.
Вест Хем е најзаинтересиран за најдобриот асистент на „Старата дама“ минатата сезона.
Костиќ „намести“ 11 гола во сите натпреварувања и постигна уште три на 54 натпревари.
Репрезентативецот на Србија има 30 години, а Јуве пред само една година го донесе од Ајнтрахт за 13 милиони евра.
Вест Хем и минатото лето покажа голем интерес за него, но тогаш тој го одбра Јувентус.