Реал и Баерн веќе заработија преку 50 милиони од ЛШ

00000.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Вечерва во Монте Карло, во „Грималди Форум“ ќе бидат формирани групите во Лигата на шампионите. Титулата, освоена минатата сезона ја брани Манчестер сити.

Додека сите со нетрпение ја очекуваат ждрепката, која може да донесе една или две „групи на смртта“, клубовите учесници дознаа колку ќе заработат со изборениот пласман во фазата по групи.

За пласманот во фазата по групи, секој клуб од УЕФА ќе добие по 15.640.000 евра, а дополнителна сума УЕФА распределува врз основ на десет годишниот коефициент.

По овој основ најмалку ќе добие шампионот на Белгија, Антверпен (1:137.000 евра), а најголема сума, речиси 37.000.000 евра ќе добие Реал Мадрид.

Заработката на клубовите со изборениот пласман во ЛШ:

Реал Мадрид – 52.024.000 евра
Баерн Минхен – 50.887.000
Барселона – 49.750.000
Манчестер сити – 48.613.000
Атлетико Мадрид – 47.476.000
Пари Сен Жермен – 46.339.000
Севилја – 45.202.000
Манчестер јунајтед – 44.065.000
Борусија Дортмунд – 42.928.000
Порто – 41.791.000
Арсенал – 40.654.000
Бенфика – 39.517.000
Наполи – 38.380.000
Шахтјор Доњецк – 37.243.000
Интер – 36.106.000
Милан – 34.969.000
Салцбург – 33.832.000
Лајпциг – 32.659.000
Лацио – 31.558.000
ПСВ Ајндховен – 30.421.000
Феенорд – 29.284.000
Брага – 28.147.000
Копенхаген – 27.010.000
Селтик – 25.873.000
Галатасарај – 24.736.000
Црвена звезда – 23.599.000
Јанг Бојс – 22.462.000
Реал Сосиедад – 21.325.000
Њукасл – 20.188.000
Унион Берлин – 19.051.000
Ленс – 17.914.000
Антверпен – 16.777.000

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK