Кошаркарите против Естонија стартуваат во квалификациите за пласман на ЕП

Кошаркарите-против-Естонија-стартуваат-во-квалификациите-за-пласман-на-ЕП.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Foto/ kfsm.mk


Кошаркарската репрезентација на Македонија, вечерва во 19 часот, во СРЦ Кале, против Естонија ќе го отвори квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2025 година.

Капитенот Војдан Стојановски ќе „стегне заби“ и ќе го предводи националниот тим, закој вечерва ќе дебитра американскиот центар Итан Хап, инаку играч на Гран Канарија.

„Доста добро ги знаеме квалитетите на Естонија, силна репрезентација, со евролигашки играчи. Но мислaм дека сме спремни. Не сакаме да ставаме некој преголeм притисок токму на овој натпревар, затоа што после тоа следуваат уште пет натпревари. Знаеме дека е многу важно да го одбраниме домашниот терен. Ќе се обидеме да дојдеме до победа на тој премиерен меч во квалификациите“, изјави во пресрет на натпреварот кошаркарот на Уникс Казан, Ненад Димитријевиќ.

Покрај Македонија и Естонија, во Х-групата се еден од домаќините на ЕУРО 2025, Полска и Литванија. Литванците вчера ја декласираа Полска со 83:64.

Пласман на Европското првенство покрај Полска од Х-групата ќе изборат уште две репрезентации.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK