Мирослав Клосе, поранешниот германски напаѓач и најдобар стрелец во историјата на светските првенства, во следните две сезони ќе биде тренер на Нинберг.
Клосе кој се повлече од професионалниот фудбал на крајот од сезоната 2015/16, досега беше прв тренер на Алтах во Австрија, но на клупата остана само 24 натпревари.
Работеше и како асистент во Баерн (2020-2021) и самостојно го водеше кадетскиот тим на германскиот великан.
Кариера ја започна во Кајзерслаутерн, а подоцна играше во Германија за Вердер и Баерн, а во Италија играше за Лацио.
Одигра 599 натпревари на највисоко ниво и постигна 230 голови. Во дресот на германската репрезентација одигра 137 натпревари и постигна 71 гол. Во 2014 година со Германија го освои светскиот шампионат.
Тој се уште е најдобар стрелец во историјата на Светските првенства со 16 гола.