Кирјос: Уморен сум, не сакам да играм тенис

Кирјос-Уморен-сум-не-сакам-да-играм-тенис.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ник Кирјос, една од најконтроверзните фигури во светот на тенисот, на некој начин го најави скорешниот крај на професионална кариера.


Иако има само 28 години, Австралиецот веќе подолго време го мачат проблеми со повреди. Во 2023 година, тој ги пропушти сите Грен слем турнири поради повреди на зглобот, коленото и стапалото.

Тој веќе објави дека нема да игра на Австралија опен на почетокот на следната година.

„Ако ме прашувате, повеќе не сакам да играм. Уморен сум. Имав три операции. Сакам да основам семејство и да не трпам повеќе болки. Секогаш кога ќе станам, нешто ме боли. Навистина е тешко“, призна Киргиос.

Оваа година, Ник одигра само еден турнир во Штутгарт, каде што загуби од Кинезот Ву.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK