Кејн загрижен пред почетокот на ЕУРО 2024

2156635250.0.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Хари Кејн, по нечекуванот пораз на Англија од Исланд (0:1) не крие дека е загрижен пред почетокот на Европското првенство.

Капитенот на Англија им порача на соиграчите дека поразот од Исланд треба да биде аларм за будење во пресрет на првиот меч на ЕП против Србија.

„Ваквите порази можат да бидат повик за будење за сите нас. Мораме да разбереме дека нема да биде толку лесно како што мислат луѓето. Имаме многу работа да завршиме, понекогаш треба да се разбудите. Многу работи треба да исправиме, особено во пресинг играта. Натпреварите во групната фаза ќе бидат слични на овој против Исланд. Ќе мораме добро да се браниме, особено против долгите топки. Треба да бидеме трпеливи во нападот“, рече Кејн.

Тој се присети и на последното Европско првенство кога неговата репрезентација беше поразена во финалето против Италија по изведувањето пенали.

„Тоа беше вистинско ср..е. Но, во фудбалот секогаш имаш подеми и падови. Поминаа речиси две години од последното натпреварување, мораме да заборавиме на тоа и да бидеме возбудени за новиот турнир”, заклучи Кејн.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK