Руската тениска ѕвезда, Дарја Касаткина им предложи на шефовите на ВТА турнејата да настапува од знамето во боите на виножитото наместо да биде класификувана како „неутрална“ спортистка по казната за Русите и Белорусите да не можат да играат под своето национално знаме.
26-годишната Касаткина, која е хомосексуалка, и е во врска со поранешната натпреварувача во уметничко лизгање, Наталијаа Забијако, вели дека така барем ќе се промовират ЛГБТ правата.
„Сакам да ја прашам ВТА дали можам да играм под знамето со боите на виножитото. Не знам каков ќе биде одговорот. Ситуацијата е многу компликувана. Се работи за војна. Законите во мојата земја стануваат полоши секој ден. Да се биде хомосексуалец во Русија станува невозможно. И токму поради тоа ме прави да сакам да го кажам тоа што го кажувам. Не можам да молчам“, вели Касаткина за „Њујорк тајмс“.
Според руските закони, Касаткина ризикува затворска казна за критикување на војната во Украина и за јавните изјави за својата сексуалност, иако е тешко да се верува дека тоа би се случило.
„Не одам да ги посетам родителите во Русија бидејќи ова е не е добро време. Никогаш не знаеш што може да се случи, бидејќи полицијата може да направи што сака. Но, јас ја сакам Русија и ги сакам луѓето“, додава Касаткина.