ФК Партизан остана без претседател, Вучелиќ поднесе оставка: Заминувам со чиста совест

partizan
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на фудбалскиот клуб Партизан, Милорад Вучелиќ, во средата поднесе оставка од таа функција, јавуваат белградските медиуми.







Оваа одлука Вучелиќ им ја објасни на најблиските во Партизан. „Новости“ објави дека на највисокото раководство на клубот му рекол дека „функцијата на претседател на Партизан била голема чест, тешка должност и обврска“.

„Тоа го работам долги години, работам во рамките на законските овластувања и според моите можности. Со тешко срце и чиста совест – повеќе не можам. И затоа поднесувам оставка од позиција на претседател и изразувам голема благодарност до моите колеги и сите оние кои во овие тешки моменти за Партизан помогнаа“, изјави Вучелиќ.

Тој е претседател на Партизан од 2016 година. Инаку, навивачите на Партизан најавија протест против клупските челници за четврток навечер, во пресрет на реваншот од плејофот за пласман во Конференциската лига.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK