Јапонија бара повеќемилионска сума од Иниеста за неплаќање данок

1441931968.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јапонските власти бараат 3,5 милиони евра од Андрес Иниеста, откако е откриено дека тој не ги пријавил уредно сите приходи за време на престојот во земјата и не платил данок.


Поранешниот играч за врска на шпанската репрезентација и една од иконите на Барселона беше член на Висел Кобе од 2018 до 2023 година.

Иниеста си замина од Висел со три трофеи, меѓу кои и за најдобриот тим на јапонскиот шампионат минатата година. За тој клуб одигра вкупно 134 натпревари, со учинок од 26 гола и 25 асистенции. Тој денес како 39-годишен го носи дресот на Емирати, клуб кој е во зоната за испаѓање во фудбалскиот шампионат на Обединетите Арапски Емирати.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK