Египетскиот десен бек Јахија Омар потпиша тригодишен договор со Пари Сен Жермен, но на новиот клуб ќе му се приклучи следното лето кога му истекува соработката со неговиот сегашен клуб Веспрем. Омар ја пропушти минатата сезона поради тешка повреда на лигаментите на коленото.
Веспрем оваа сезона има тројца врвни играчи на озицијата десен бек. Покрај Омар тукасе Французинот Недим Ремили и Швеѓанецот Лукас Сандел, кој дојде од Алборг.
Јахија Омар кариерата ја започна во Замалек. Има освоено три африкански Лиги на шампиони. Прво играше две години како позајмен играч во унгарскиот гигант, а во 2021 година потпиша тригодишен договор.
Со Египет на Олимписките игри во Токио пред две години го освои четвртото место и беше избран за најдобар десен бек на тој турнир.
Летово парижаните го загубија летонскиот леворак бомбардер Даинис Кристопанс, кој кариерата ја продолжи во германски Мелсунген.