Тренерот на Атлетик Билбао, Ернесто Валверде, откри дека неговиот најдобар играч Ињаки Вилијамс две години играл со парче стакло во стапалото.
Ињаки неодамна почувствува непријатност во пределот на стапалото, снимките покажале дека има парче стакло долго два сантиметри.
Стаклото било многу блиску до коската и тетивата.
Вилијамс, потоа откил дека дека пред две години згазнал на скршено стакло, докторот ја санирал исеченицата, но во стапалото останало парче стакло.
„По финалето на Купот го направивме снимањето и видовме дека тој се уште има стакло во стапалото. Јас и докторот се смеевме бидејќи не можевме да поверуваме“, изјави Валверде за овој бизарен случај.
Интересно е што Ињначи го држи рекордот за најдолга серија на одиграни последовни натпревари во Ла Лига. Тој врза дури 251 натпревар. Серијата ја прекина оваа сезона.