Имобиле го напушта Лацио

3646-74173.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Џиро Имобиле (34) на крајот од сезоната ќе го напушти Лацио.

Италијанскиот новинар Матео Морето тврди дека напаѓачот, по осум години во Лацио е „желен за нов проект“.

Имобиле пристигна во Лацио, во 2016 година од Севилја за 9.650.000 евра и постигна дури 206 гола и забележа 54 асистенции на 332 одиграни натпревари. Тој е најдобриот стрелец во клупската историја пред покојниот Силвио Пиола со 159 постигнати голови.

Лацио на почетокот на оваа недела доби нов тренер. Игор Тудор дој де на местото на Маурицио Сари кој си поднесе оставка, откако доживеа пет порази на последните шест натпревари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK