Играч за кого Јунајтед плати 60 милиони евра бесплатно ќе го напушти „Олд Трафорд“

manchester-united-v-nottingham-forest-premier-league-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Францускиот фудбалер Антони Марсијал (28) ќе го напушти Манчестер јунајтед следното лето откако ќе му истече договорот, пишува италијанскиот новинар Фабрицио Романо.


Марсијал пристигна во Јунајтед од Монако во 2015 година за неверојатни 60 милиони евра, но никогаш не стана ѕвезда, не направи кариера каква што предвидуваа.

Во текот на престојот во Јунајтед тој имаше големи проблеми со повредите, а во пролетта 2021 година ги скина вкрстение лигаменти во коленото.

Од тој момент доживеа серија повреди и никогаш не успеа да се врти во топ форма. За Јунајтед оваа сезона одигра 19 натпревари и постигна два гола. Вкупно за славниот англиски клуб забележа 317 настапи, со 90 гола и 48 асистенции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK