Хорнер: Чеко ќе вози и наредната година, Де Врис не е потенцијал за Ред Бул

223.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кристијан Хорнер, првиот човек на Ред Бул, зборуваше за состојбата во тимот и плановите за иднината на моментално водечкиот тим во Формула 1.



Макс Ферстапен е на добар пат да обезбеди трета титула во низа, а постојано се поставува прашањето дали Серхио Перез ќе биде втор возач. Мексиканецот моментално е на второто место во шампионатот, а оваа сезона оствари две победи.

„Чеко сигурно ќе вози и следната година. Нема дилема. Задоволни сме од него, тој го заслужи својот статус. Секако, секогаш е добро да има возачи во Алфа Таури кои се потенцијални кандидати за Ред Бул“, вели Хорнер.

Неодамна, челниците на Ред Бул од Алфа Таури го отпуштија Ник Де Врис и го заменија со Даниел Рикиардо. Тоа предизвика голем број реакции, а Хорнер имаше едноставно објаснување.

„Ник не е потенцијал да биде во Ред Бул во иднина“. Зошто тогаш да го држиме во тимот“, изјави Хорнер.

Формула 1 шампионатот продолжува викендов со Големата награда на Холандија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK