Хименез за историја и конечни Ајакс – Феенорд 0:4

Хименез-за-историја-и-конечни-Ајакс-–-Феенорд-04.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Холандското деби кое започна во неделата заврши попладнево со убедлива победа на Феенорд на „Јохан Кројф арена“ во Амстердам.

Натпреварот во неделата беше прекинат во 55. минута при резултат 0:3. Навивачите на Ајакс го прекинаа натпреварот, откако на теренот започнаа да фрлаат разни предмети и факели. Потоа тие направија хаос и низ Амстердам.

Поради тоа неочекувана беше одлуката на Фудбалскиот сојуз на Холаднија натпреварот да продолжи од 55.минута.

Головите пред прекинот ги постигнаа Хименез во 9. и 18. минута и Паишао во 37. минута.

Веднаш откако натпреварот продолжи, Феенорд го постигна четвртиот гол, стрелец беше Хименез.

Хименез забележа хет-трик и стана првиот играч на Феенорд кој трипати ја погодил мрежата во дербито против големиот ривал Ајакс.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK