Англискиот фудбалер Џордан Хендерсон потпиша две и пол годишен договор со Ајакс.
Тој во Амстердам дојде како слободен играч, откако по само шест месеци спогодбено се раздели со Ал-Етифак.
Тренерот на тимот Џон ван Шип е задоволен од потписот на 33-годишниот играч од средниот ред.
Ајакс се наоѓа на петтата позиција во холандскиот шампионат, а викендов ја пречекува екипата на РКЦ Валвијк.
Хендерсон нема да има право да игра на тој натпревар, но ќе дебитира во наредната рунда.