Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина повторно е во потрага по селектор.
Мехо Кодро доби отказ по само два натпревари. Медиумите како главен кандидат за негов наследник го издвоија Вахид Халилхоџиќ.
Легендарниот играч и тренер, демантира дека ќе го преземе националниот тим. Смета дека потегот да биде сменет Кодро по само два натпревари е „несериозен“.
„Нормално, бев изненаден од потегот на луѓето од Фудбалскиот сојуз на БиХ. Човекот дојде вчера. Тоа е несериозно. Не би коментирал понатаму“, изјави Халилхоџиќ негирајќи дека тој ќе биде новиот селектор.
„Нема ништо од тоа, се пропадна. Нема разговори таа тема“.