Интервју Славица Милошевиќ: Фондот од 30.000 евра ќе го распределиме меѓу најталентираните студенти, преку стипендии кои покриваат до 70% школарина!

DSC_0762 (1)
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Qinshift Academy (поранешен Сеавус едукативен и развоен центар) веќе 14 години е позициониран како лидер во неформалното образование со повеќе од 20 000 алумни студенти. Како дел од глобалната групација, Qinshift Academy  претставува специјализиран центар за обука и едукација на кадар во областите на програмирање, дизајн, компјутерски мрежи, тестирање на софтвер, дигитален маркетинг и наука за податоци.

 



  1. Qinshift Academy веќе 14 години испишува успешни приказни преку сертифицираните обуки и академии. Која е вашата мисија и што е она што ги прави вашите програми атрактивни?

    Qinshift Academy е еден од првите едукативни центри во нашата држава со портфолио од 14 акредитирани академии. Како резултат на повеќегодишна напорна и посветена работа, одличен менторски тим и константни иновации, станавме лидер во неформалното образование во регионов.
    Нашата мисија е да понудиме поинаква перспектива и висок квалитет во наставниот образовен процес, притоа давајќи опции достапни и достижни за секој профил кој сака да се едуцира и започне успешна кариера.

  2. Која е вашата цел позади Challenge day како општествено одговорна активност. Како се јави идејата?

Идејата за Challenge Day стартуваше од една многу едноставна мисла – квалитетното образование треба да е опција за секого!
Нашата дедицираност кон оваа цел и желбата да вратиме назад кон заедницата е причина зошто Challenge Day можеме да го наречеме традиција со посебно значење за целиот тим.
Стипендиите до 70% се добиваат врз база на знаење од соодветна област, зависно за која академија се аплицира, како и брзина во решавање на тестот.
Шансата е подеднаква за сите, а највисоката стипендија ја добиваат најдобрите.

А сите кои сакаат да се пријават истото може да го направат на следниот линк

  1. За кого е наменет овој настан и што е она што може да го очекуваат учесниците.

    Може да се пријават сите, немаме возрасна граница. Многу важна информација која сакам да ја истакнам е дека секој што ќе се пријави за Challenge Day на 21 и 26 септември и ќе го комплетира тестот, добива загарантирана стипендија, а висината ќе биде одредена врз база на резултатите.
    Предизвикот е интересна комбинација на логички прашања и прашања поврзани со базични познавања за областа која кандидатот ја избира.
    Кога станува збор за бројот на стипендии, можам да издвојам дека изминативе пет години имаме доделено над 200 стипендии, а оваа година очекуваме да доделиме дополнителни 50 стипендии.
    Многу ми е драго што овие бројки од година во година рапидно се зголемуваат!

  2. Како Qinshift Academy ги интегрира иновациите во својот наставен план? На кој начин Challenge Day го поттикнува иновативното мислење кај студентите?

    Како што спомнав и на почетокот, иновацијата е во нашата ДНК!
    Секоја година воведуваме нови академии и траки, константно работиме на подобрување на постоечките програми, а нашите студенти работат на реални проекти за реални клиенти.
    Како мал тизер, ќе откријам само дека оваа година воведуваме единаесет нови продукти кои се новина на нашиот пазар и се наменети за професионалци од индустријата кои сакаат да го надоградат своето знаење.

Challenge Day дефинитивно се вклопува во нашето иновативно размислување, преку предизвикувачките прашања и задачи кои развиваат различни перспективи и одговори кај кандидатите.

  1. Како Qinshift Academy го поддржува и помага кариерниот развој на студентите по завршување на нивните студии?

    Особено сме горди што повеќе од 80% од нашите студенти секоја година се вработуваат веднаш по завршување на студиите. Уште поинтересен факт е тоа што дел од нив почнуваат со работа или пракса дури и во текот на студирањето.
    Како едукативен ценар, покрај техничкиот дел од академиите, обезбедуваме и дополнителни обуки кои ќе им помогнат на студентите до полесно пробивање на пазарот на труд. Меѓу палетата на активности кои ги имаме за поттикнување на кариерниот развој, може да ги издвојам обуките за soft skills, freelance, како и денови на кариера, настан наменет само за нашите алумни студенти и долгогодишни партнери.

6.Како Менаџер за продажба, која е вашата филозофија за мотивација и успех? Какви совети би им дале на младите кои сакаат да се вклучат во областа на технологијата и иновациите?

Јас и мојот тим сме во константна комуникација со сите потенцијални, тековни и алумни студенти.
Фактот дека на голем дел од нив директно им го имаме променето животот преку понудената шанса за подобра иднина и успешна кариера е нашиот двигател и е повеќе од доволна мотивација.
Сето ова, во комбинација со напорна работа, правилен фокус, многу трпение и разбирање, е по мене дефиниција за успех.
За оние кои се размислуваат дали да влезат во светот на технологијата и иновациите, мојот совет и одговор е: Ако вашиот карирен пат може да го видите во таа насока, Да!

Што сте чекале до сега? 🙂

Во духот на Challenge Day би спомнала дека има безброј успешни приказни од наши стипендисти, а драго ми е што дел од нив, денес се и мои колеги. Ова е повеќе од доволна потврда за квалитетот што го нудиме!

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK