Гудуриќ херој, Фенербахче ја освои Евролигата


13080626.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кошаркарите на Фенербахче го победија Монако 81:70 и втор пат во клупската историја ја освои титулата во Е вролигата.


Турскиот клуб со брилијантна партија во второто полувреме дојде до највредниот клупски трофеј во европската кошарка.

Монако подобро влезе во натпреварот, рано имаа играчите на Спанулис предност од девет поени, но целосно потфрлија во финишот на втората и стартот на третата четвртина.

Монако шест ипол минути не постигна коша од игра, Фенер направи серија 15:1 и тука ја најави победата.

Во вториот дел се „појави“ Марко Гудуриќ, кој постигна 17 од своите 19 поени. Најефикасен со 23 поени беше Најџел Хејс-Дејвис. Двоцифрени кај Фенер беа и Вејд Болдвин и Девон Хол со по 13.

Шарунас Јасикевичиус им се приклучи на великаните Светислав Пешиќ, Лоло Саинц и Арменак Алачачан. Литванецот успеа да ја освои европската титула и како играч и како тренер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK