На нереалната серија на Новак Ѓоковиќ на Австралија опен и дојде крајот откако во полуфиналето загуби од Јаник Синер со 3:1 (6:1, 6:2, 6:7(6), 6:3).
Новак беше поразен за прв пат на Австралија опен од 22 јануари 2018 година, а од тогаш кога беше поразен од Хјеонг Чунг поминаа 2.195 дена.
Српскиот тенисер тогаш се мачеше со повреда на лактот, додека Синер овојпат беше навистина многу подобар.
For the first time in 2,195 days, Novak Djokovic has been defeated at the Australian Open
— Barstool Sports (@barstoolsports) January 26, 2024
Италијанецот не му дозволи ниту една брејк топка на Ѓоковиќ.
Без разлика на се, Ѓоковиќ останува на врвот на АТП листата најмалку уште еден месец.