Ѓоковиќ е прв финалист на УС Опен

Ѓоковиќ-е-прв-финалист-на-УС-Опен.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е прв финалист на гренслем турнирот УС Опен. Тој во полуфиналната пресметка во три сета го совлада домашниот тенисер Бен Шелтон. Во финалето ќе го очекува подобриот од дуелот меѓу Карлос Алкараз и Данил Медведев.


Ѓоковиќ, сепак, немаше лесен меч против американската сензација Шелтон. Го доби првиот сет со 6:3, во вториот му дозволи само два гема на ривалот, но кога се очекуваше и комплетно да го скрши, Шелтон возврати силно и стигна до тај-брејк.

Србинот имаше водство од 3:1 во гемови во третиот сет, но Шелтон израмни на 4:4, па дури имаше и сет – топка која не ја искористи.

Ѓоковиќ направи брејк за 6:5 и имаше сервис за да го добие мечот, но Шелтон и тогаш не се предаде и израмни на 6:6 за тај-брејк.

Искуството на крајот пресуди. Ѓоковиќ поведе со 3:0 во поени, зголеми на 5:1 и беше јасно дека ќе го комплетира мечот. На крајот славеше со 7:4 на поени, или вкупно 6:3, 6:2, 7:6.

Ова беше јубилеен, стоти, меч за Новак Ѓоковиќ на УС Опен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK