Аргентинецот Марсело Гаљардо би можел да го преземе тимот на Милан на крајот од сезоната, пренесуваат италијанските медиуми.
Медиумите од Апенините веќе со денови пишуваат дека актуелниот тренер на Милан, Стефано Пиоли ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, па управата е во потрага по неговиот наследник.
Пиоли го презеде Милан во 2019 година, на клубот му ја донесе титулата во Серија А во сезоната 2021/2022.
На две кола пред крајот на првенството „росонерите“ се на второто место на табелата во Серија А со 18 бодови помалку од првопласираниот Интер, кој и математички ја обезбеди титулата пред неколку кола.
Гаљардо, го водеше Ал Итихад оваа сезона, но беше отпуштен по серијата слаби резултати во професионалната лига на Саудиска Арабија. Италијанските медиуми тврдат дека бил контактиран од Милан.