Одбранбениот фудбалер на Ница, Јусеф Атал кој е по потекло од Алжир, објави видео на социјалните мрежи во кое повикува на „црн ден за Евреите“ среде конфликтот меѓу Израел и Палестина, пренесува „RMC Sport“.
Фудбалерот подоцна го избриша видеото. Набрзо по објавата одговори и градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси, кој побара извинување од играчот.
– Го чекам Атал да се извини и да ги осуди терористите на Хамас. Ако не го направи ова, тогаш повеќе нема да има место во нашиот клуб, соопшти Естроси.
Забележано е дека Ница сè уште не го коментирала тоа што се случи. Пред скандалозната објава Атал објави фотографија на која е со палестински шал.