Во Тетово денес ќе се дознае првакот во Првата женска фудбалска лига

zenska-liga
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ЖФК Љуботен Тетово и ЖФК Каменица Саса денес го играат првенствениот натпревар во рамки на последното 22. коло, по што ќе се дознае првакот во Првата македонска фудбалска лига за 2022/2023 сезона. Домаќините од Тетово се на првата позиција со 53 бодови, додека Каменица Саса е со три бода помалку.







ЖФК Љуботен со победа но и со нерешен резултат ќе го освои првенството и на тој начин ќе ја одбрани титулата од минатата година. Тоа воедно ќе значи и освојување на двете титули со оглед дека ЖФК Љуботен на 16 мај го освои Купот на Македонија.

Во финалето на Купот, тетовските фудбалерки токму со победа над Каменица Саса со 4:0 го освоија ова натпреварување. Во првенството, на средбата во Македонска Каменица беше нерешено 1:1.

Натпреварот се игра денес од 17 часот на фудбалскиот терен на АМС на Спортскиот центар во Тетово.

ЖФК Љуботен има 53 бодови од 17 победи и два нерешени натпревари, додека Каменица Саса 16 победи, два нерешени дуели и еден пораз.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK