Шкупи со убедлив триумф на гостувањето во Литванија

shkupi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Шкупи забележаа убедлива победа со 5:0 вечерва на гостувањето во Каунас против Хегелман.







Чаирачани со оваа победа направија голем исчекор кон второто квалификациско коло во Конференциската лига.

Јунак во триумфот на Шкупи беше Реналдо Цефас кој постигна четири гола. Еднаш во листата на стрелците се запиша Куевен.

Реваншот е по седум дена во Скопје.

Претходно во текот на денот Македонија ЃП загуби од РФС Рига (Летонија) со 0:1, исто така во првото квалификациско коло на Конференциската лига, додека Шкендија вечерва на домашен терен се среќава со велшки Хаферфордвест.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK