Реал Мадрид и честиташе на Барселона за освојувањето на шпанското првенство

real-madrid
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иако се најголеми ривали во шпанскиот фудбал, Реал Мадрид и честиташе на Барселона за освојувањето на шампионскиот трофеј покажувајќи респект кон ривалот.







Вчеравечер Барселона го совлада Еспањол (4:2) во натпреварот од 34. коло на Ла Лига и предвреме ја освои титулата во лигата.

-Честитки за Барселона, шампион на Ла Лига во сезоната 2022/23“, стои во објавата на официјалниот Твитер на Реал Мадрид.

Барселона по 27-ми пат во историјата стана шампион на Шпанија и е втора по Реал Мадрид кој има 35 титули.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK