Фудбалерите на Работнички го совладаа вечерва Шкупи со 3-1 (1-0) во градската пресметка со која се комплетираше воведното коло од новата сезона во Првата македонска ФУДБАЛСКА лига (ПМФЛ).
Стрелци во триумфот на Работнички беа Мазари (1 минута), Мурати (82 од пенал) и Стојановски (90+6),додека почесниот гол за Шкупи го постигна Илиески (62).
Претходно во неделата, бранителот на титулата Струга, како и Брегалница, Тиквеш и Брера Струмица исто така, стартуваа со домашни победи, додека Шкендија ја забележа единствената победа.
ПМФЛ, Резултати – 1 коло
Брера Струмица – Вардар 1-0
Брегалница – Силекс 2-1
Струга – Гостивар 2-0
Тиквеш – Македонија Ѓорче Петров 1-0
Воска – Шкендија 0-1
Работнички – Шкупи.