Модриќ за полуфиналето со Сити: Уште ништо не е решено

modrik
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ даде коментар за резултатот од првиот натпревар против Манчестер сити во полуфиналето на Лигата на шампионите.







„Кралевите“ синоќа одиграа 1:1 со „Граѓаните“.

-Реал имаше добра завршница на средбата. Уште ништо не е решено во нашата пресметка. Добро се снајдовме во првиот натпревар. Знаевме како ќе игра противникот и не дозволивме да создаде многу шанси. Штета што не победивме, бидејќи имавме водство. Ќе дадеме 100 % во реваншот, изјави Модриќ.

Реваншот ќе се одигра во Манчестер на 17 мај.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK