Дефанзивецот на Лион Дејан Ловрен го спореди Александре Лаказет со Килијан Мбапе.
– Не сум изненаден од ефикасноста на Лаказет. Многупати играв против него кога тој беше во Арсенал. Ова е тип со менталитет на победник, такви играчи има малку. Прави нешто неверојатно. Го немаме Меси во тимот, кој има многу асистенции кон Мбапе, но во исто време Лаказет постигнува малку помалку од Мбапе. Замислете што ќе се случи ако го имавме Меси, изјави Ловрен за „Foot Mercato“.
Пред 35. коло во Лига 1, напаѓачот на Лион и напаѓачот на ПСЖ имаа по 24 гола. Сега Лаказет има 25, Мбапе 26 погодоци.