Лаутаро: Ако сме обединети, ќе можеме да играте важни натпревари на најдобар можен начин

lautaro
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерот на Интер, Лаутаро Мартинез проговори за пласманот во финалето на Лигата на шампионите.







Интер синоќа го совлада Милан во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите со 1:0 (прв натпревар – 2:0).

– Направивме одлична работа на двата натпревари. Тимот беше клучот. Слично искуство имав и на Светското првенство: ако сме обединети, ќе можеме да ги одиграме овие многу важни натпревари на најдобар можен начин. Секогаш кога излегувам на теренот се трудам да дадам се од себе за да им помогнам на соиграчите. Знаевме дека имаме можност да стигнеме до финалето на Лигата на шампионите и ја завршивме нашата работа, изјави аргентинскиот напаѓач за „Sky Sport“.

Во финалето Интер ќе се соочи со поуспешниот од пресметката Манчестер сити – Реал Мадрид (1:1 прв натпревар) .

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK