Финалето на грчкиот фудбалски куп, сепак, во Грција, но без навивачи

greece_national
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Финалето на грчкиот фудбалски куп меѓу АЕК и ПАОК ќе се одигра на 24 мај во Волос, а како резервна варијанта е одреден албанскиот град Елбасан.







Дуелот меѓу атински АЕК и солунски ПАОК се смета за натпревар од висок ризик поради можни навивачки немири што беше причина за главоболка во Фудбалската федерација на Грција (ЕПО), која беше во преговори со еден полски град, како и со кипарските власти, откако не успеа да најде соодветен стадион во Грција.

Кипар го одби барањето да биде домаќин на финалето наведувајќи загриженост поради јавната безбедност.

Во соопштението до јавноста, ЕПО наведе синоќа дека е донесена одлука финалниот натпревар да се одигра во Волос, а доколку од која било причина тоа не биде возможно, финалето ќе се одржи во албанскиот град Елбасан на 24 мај или во следниот слободен термин.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK