ФИФА го поддржа Винисиус и го осуди расизмот

fifa
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, му изрази денеска поддршка на фудбалерот на мадридски Реал, Винисиус, осудувајќи го новиот чин на расизам кон овој бразилски фудбалер.







„Изразувам целосна солидарност со Винисиус. Во фудбалот, како и во општеството, нема место за расизмот, а ФИФА цврсто стои покрај сите играчи кои ќе се најдат во таква ситуација“, порача Инфантино.

Винисиус беше цел на нови расистички напади за време на вчерашното гостување на Реал против Валенсија, што беше само продолжение на непријатните ситуации во кои Бразилецот честопати се наоѓаше во оваа сезона. Бројни хулигани на други шпански прволигашки екипи, исто така, претходно расистички го навредуваа Винисиус.

„Би сакал во такви моменти да се почитува протоколот на ФИФА. Прво се прекинува натпреварот. Фудбалерите потоа го напуштаат теренот, а главниот спикер на стадионот објавува дека натпреварот нема да се доигра доколку расистичките напади продолжат. Натпреварот тогаш продолжува и доколку нападите се повторат, главниот судија и дефинитивно го прекинува натпреварот, а трите бодови им се доделуваат на противничката екипа“, додаде Инфантино.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK