(Фото+Видео) Пристигна новиот Ферари „SF-24“

ФотоВидео-Пристигна-новиот-Ферари-„SF-24.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Еден од најпознатите Формула 1 тимови, Скудерија Ферари, го претстави болидот за 2024 година.


Во новата сезона болидите на Ферари ќе ги возат Шарл Леклер од Монако и Карлос Саинц од Шпанија, кому ова ќе му биде позледна сезона во црвениот болид.

Според Ферари, новиот „SF-24“, става крај на традицијата од последните две години и започнува нова.

Дизајнерскиот тим предводен од Енрико Кардиле имаше за цел да им даде на Шарлс и Карлос болид кој е лесен за возење и кој реагира предвидливо, а почетната точка беше позитивното чувство што возачите го имаа во пилотската кабина за време на последните неколку трки од претходната сезона.

„Целта е да им се овозможи да го искористат максимумот од потенцијалот на погонската единица, во комбинација со нивната несомнена вештина зад воланот“, соопшти тимот.

На прв поглед, автомобилот е естетски многу различен од неговите претходници, а тоа важи и за бојата. По позитивниот прием во Лас Вегас минатиот ноември, белата боја се враќа заедно со жолтата, секогаш втора боја на Ферари, очигледна врска со седиштето во Модена, но исто така и знак на другата главна тркачка активност на гигантот од Маранело покрај Ф1, Светскиот шампионат во издржливост.

Како што беше случа минатата година, „SF-24“ и „VEC 499P“, ја делат истата нијанса на црвено. Не е прв пат болидот на Ф1 Ферари да има и жолта боја, иако жолто надолжите пруги не се видени од 1968 година, додека оваа година за прв пат беше споен со бело.

На автомобилот има помалку црно отколку во претходните години, сега ограничено на подот, дел од ореолот и други мали површини. Тркалата се црвени со двојна бела и жолта лента, а овие бои се прикажани и на броевите на возачите, 16 и 55.

Новата сезона во Ф1 ќе започне во Бахреин на 2. март.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK