Сампдорија никогаш не ги заборава своите поранешни играчи и тренери.
Така е и кога е во прашање поранешниот тренер на Сампа, покојниот Синиша Михајловиќ.
Легендарниот фудбалер, во кариерата беше играч на екипата од Џенова, а потоа како тренер ја предводеше Самдорија од 2013 до 2015 година.
Бидејќи денес е годишнината од смртта на Синиша Михајловиќ, во таа чест тимот од Џенова ќе игра во специјалини дресови со ликот на српскиот тренер.
Во рамките на 17. коло во Серија Б, Сампдорија ќе игра против Реџана.
💙 | SINISA
Un anno senza Mihajlovic: per #ReggianaSamp una patch speciale in ricordo dell’ex calciatore e allenatore blucerchiato. #ForzaDoria 🔵⚪️🔴⚫️⚪️🔵
— U.C. Sampdoria (@sampdoria) December 15, 2023