(Фото) Ѓоковиќ и Меси се сретнаа во Њујорк

3513004-71607248-2560-1440.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новак Ѓоковиќ реши да го искористи времето по освојувањето на мастерсот во Синсинати, а пред почетокот на Ју-ес опен за да се опушти.


На социјалните мрежи се појави фотографија на која Ѓоковиќ е заедно со Лионел Меси.

Фотографијата ја објави Хорхе Мас, косопственик на Интер Мајами, тимот за кој моментално настапува Аргентинецот.

„Каква вечер“, напиша Мас во описот на фотографијата.

Инаку, Ѓоковиќ се наоѓа во Њујорк каде се подготвува за стартот на последниот Грен слем сезонава.

Новак ќе излезе на теренот во понеделник, а прв противник ќе му биде францускиот тенисер Александре Милер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK