Фјури не го ни погледна Усик пред „Мечот на векот“

12230599-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тајсон Фјури (35) и Олександр Усик (37) ќе се борат во сабота навечер во меч кој долго време се нарекува боксерски меч на векот. Борбата за обединување на титулите на во тешка категорија ќе се одржи во Ријад, каде во рингот треба да влезат Фјури, шампионот според ВБЦ и Усик, шампионот според ВБА, ИБФ, ВБО и Ринг.


„Мечот на векот“ требаше да се случи во февруари, но беше одложена откако Фјури заработи расекотина на лицето на подготовките, поради што мораше да го одложи мечот.

Победникот во борбата ќе стане првиот човек кој ги обединил сите титули по Ленокс Луис, кој го направи тоа со победата над Евандер Холифилд во 1999 година.

Пред борбата, борците одржаа уште една прес-конференција, по што следуваше традиционалното соочување. Иако тоа вклучува гледање очи во очи, овој пат беше поинаку.

Фјури застана на сцената со шешир на главата и се сврте кон публиката, односно странично кон Усик. Британецот потоа го симна шеширот, ги покажа мускулите, разговараше со навивачите, па дури и пееше, додека Украинецот сето тоа мирно го гледаше.

Foto/ epa

Запрашан зошто не го ни погледнал противникот, Фјури одговори:

„Тој е момче со застрашувачки изглед. Дојдов да се опуштам, чекам да влезам во рингот во сабота. Разговорите и интервјуата завршија. опуштен сум и фокусиран“.

Фјури во кариерата има биланс од 34 победи, без пораз и едно реми со Деонтеј Вајлдер. Усик победи на секоја од неговите 21 борба во професионалната кариера.

„Индипендент“, објави дека според потпишаниот договор Фјури ќе земе 70 отсто од вкупната сума од 140 милиони евра од борбата, односно нешто повеќе од 94 милиони евра. Во договорот стои дека еден милион мора да се донира на Украина, која е во војна со Русија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK